• понеделник, 23 декември 2024

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во април годинава се пониски за 3,9 отсто на месечно ниво и за 26,4 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април моторниот бензин е поскап за 1,5 отсто во споредба со март 2023 година, а поевтин за 16,7 отсто во споредба со април 2022 година. Дизелот, пак, е поевтин за 5,3 отсто на месечно, односно за 29 отсто на годишно ниво.  

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори. вј/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан