Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
- Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар - 40 метри.

Скопје, 11 јанујари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар - 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/
ФОТО: МИА Архива