• петок, 17 мај 2024

Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла на патот Попова Шапка-Лисец

Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла на патот Попова Шапка-Лисец

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-Лисец.

Од ЈП Македонија пат соопштија дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Дежурните екипи, подвлекуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. цр/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан