• недела, 24 ноември 2024

Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд на Република Северна Македонија и судијката Антоанета Димовска од Основен граѓански суд Скопје, ќе се најдат на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите.

Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РСМ“ бр.120/23 изготвил две општи листи и тоа:

I. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од Врховниот суд на Република Северна Македонија

Наке  Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија

II. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови

Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје

- Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ“ бр.102/19), се вели во соопштението од Судски совет.

Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ, ќе се најдат на дневен ред на 448-та седница на Судскиот совет, која е закажана за утре.

Судскиот совет, утре на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет. аа/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан