• петок, 05 декември 2025

Наим Касем: Нема живот во Либан доколку владата тргне во разоружувањето на Хезболах

Наим Касем: Нема живот во Либан доколку владата тргне во разоружувањето на Хезболах

Бејрут, 15 август 2025 (МИА) - Еден од лидерите на Хезболах, Наим Касем, денеска ја предупреди либанската Влада дека „нема живот во Либан“ доколку одлучи да се соочи со нивната милитантна група.

Зборувајќи во Бејрут, Касем рече дека Хезболах и неговиот сојузник, шиитското движење Амал, привремено ги откажале планираните улични протести против планот за разоружување на милициите поддржани од САД, бидејќи сè уште веруваат дека има простор за дијалог со владата, јавија британските медиуми.

Тој, исто така, рече дека идните протести би можеле да бидат насочени кон Амбасадата на САД во Либан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан