Над 50 илјади бегалци од Украина пристигнале во Германија
- Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија.

Берлин, 7 март 2022 (МИА) - Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија.
- Бидејќи нема гранични контроли, бројот на бегалци од војната кои влегле во Германија може да биде многу поголем, изјави денеска портпаролот во Берлин, јави ДПА. аа/