• понеделник, 23 декември 2024

Над 1.500 учесници на спортско-рекреативната трка „Трчај, бе“ во Битола

Над 1.500 учесници на спортско-рекреативната трка „Трчај, бе“ во Битола

Битола, 3 септември 2023 (МИА) - Над 1.500 учесници од 40 држави во Европа утрово учествуваат на спортско-рекреативната трка „Трчај, бе“ што се одржува низ улиците на Битола.

Трката поддржана од Атлетската федерација на Македонија се одржува на три патеки од 5, 10 и 21 километар, а на улиците во централното градско подрачје се атлетичарки и атлетичари од Турција, Романија, Косово, Бугарија..., меѓу нив и актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија.

-Вложивме голем труд за организација на трката во која е вклучен тим кој беспрекорно работеше долг период. Се надевам дека го постигнавме тоа што го сакавте и вие. Уживајте во трката, уживајте во секој момент низ битолските улици, им порача на учесниците Никола Димитровски, претседател на организацискиот тим.

Трката се одвива по булеварот „1-ви Мај“ и улиците „Генерал Васко Карангелевски“ , „11-та Македонска Дивизија“, „Филип II Македонски“ ,  „Батаљон Стив Наумов“,  „Прилепска“,  „4-ти Ноември“, улица „Солунска“ и низ „Широк Сокак“ до Градскиот часовник, а сообраќајот го регулираат полициски службеници на СВР-Битола.

За историјатот на атлетиката во Битола, говореше спортскиот новинар во пензија, Димче Миновски. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан