• петок, 22 ноември 2024

Над седум и пол илјади субвенции за инвертери

Над седум и пол илјади субвенции за инвертери
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Во последните три години, Град Скопје има досега доделено вкупно 7.530 субвенции за инвертери: 1379 во 2019, 5002 во 2020, и 1667 субвенции во 2021 година. Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов истакнал дека во следниот мандат ќе се издвојат еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. -Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцирал градоначалникот Шилегов. Тој истакнал дека ќе се зголемат двојно и субвенциите за велосипеди, односно, следните четири години ќе се доделат 30.000 субвенции за велосипеди. -Благодарение на политиките на Градот Скопје да доделува илјадници субвенции за инвертери, и илјадниците повторно приклучени домови кон централното парно греење, во Скопје има над 10 илјади оџаци што не чадат, и аерозагадувањето бележи континуиран пад, се додава во соопштението. ац/

Остани поврзан