• петок, 22 ноември 2024

Над Белгородскиот регион уништени четири украински ракети и два дрона

Над Белгородскиот регион уништени четири украински ракети и два дрона

Москва, 17 јануари 2024 (МИА) - Четири украински проектили и две беспилотни летала се уништени во текот на ноќта над областа Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според Министерството, нападот со „РМ-70“ („вампир“ ) се случи во 02.40 часот по локално време, пренесоа руските медиуми.

Во Белгород предупредувањето за опасност од воздух беше во сила до седум часот утринава.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм објави дека во нападот нема жртви.

Руските медиуми наведуваат дека во ноќешниот напад се оштетени неколку станбени згради во регионот на Белгород.сд/

Остани поврзан