• вторник, 05 ноември 2024

Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко

Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко
Струмица, 23 март 2020 (МИА) - Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко, откако по појавата на коронавирусот поголем број превозници останаа без возачи заради задолжителната изолација од две недели, информираат откупувачите. Се пожалија пред неколку дена дека откупените количини не можат да ги транспортираат до извозните дестинации, но проблемот со недостиг на возачи бргу беше решен. -Имавме состојба да има камиони, а да нема возачи. Два камиони натоварени со зелка не можеа да тргнат два дена, бидејќи се чекаше на дозволите. Деновиве проблемот е надминат и откупените количини ги пласираме на пазарите. Се надевам дека така ќе остане и во наредните денови, рече Благој Витанов, трговец од Струмица. Пролетната зелка во Струмичко се откупува по 30 денари за килограм. На почетокот на сезоната има интерес, но трговците предупредуваат на внимателност, посебно во шпицот на производството кон крајот на овој и почетокот на идниот месец.рт/бт/

Остани поврзан