• понеделник, 23 декември 2024

Надворешниот долг на Србија е 43,6 милијарди евра

Надворешниот долг на Србија е 43,6 милијарди евра

Белград, 20 септември 2023 (МИА) - Во јули 2023 година јавниот долг на Србија изнесуваше 33,2 милијарди евра, а надворешниот долг кој се состои од долгот во девизи и на државниот и на приватниот сектор е 43,6 милијарди евра, објави порталот Данас.

Во јули јавниот долг изнесува 50,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а надворешниот долг околу 70 отсто од БДП.

Поголемиот дел од надворешниот долг се однесува на државата, односно на јавниот долг. Од 35 милијарди евра јавен долг, 24,5 милијарди евра се однесуваат на надворешен долг, а останатите 10,5 милијарди евра на внатрешен јавен долг.

Другиот дел од надворешниот долг е на приватниот сектор, пред се на банките и на стопанството. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан