• петок, 22 ноември 2024

Надворешната политика, одбраната, мигрантското прашање и пожарите теми на владиниот совет за национална безбедност на Грција

Надворешната политика, одбраната, мигрантското прашање и пожарите теми на владиниот совет за национална безбедност на Грција

Атина, 16 јули 2024 (МИА) – На денешниот состанок на владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, надлежните министри информирале за прашањата од надворешната политика, одбраната, за мигрантските бранови, како и за управувањето со пожарите, соопшти заменик-министерот без ресор и владин портпарол Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително, на денешниот редовен состанок, началникот на новоформираната Национална управа за сајбер безбедност Михалис Блецас го презентирал главните приоритети на конкретната управа. ср/

Остани поврзан