• среда, 03 јули 2024

Надал се откажа од настап и во Мајами

Надал се откажа од настап и во Мајами
Мадрид, 16 март 2021 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на првиот овогодишен турнир од серијата Мастерс 1000 што е на распоредот во Мајами, од 24 март до 4 април, најавувајќи оти сака целосно да се подготви за претстојната европска сезона на земјени терени. - Жал ми е што морам да објавам дека нема да играм во Мајами, градот кој го сакам, напиша Надал на својот твитер профил. - Морам целосно да ја залечам повредата и да се подготвам за сезоната на земјени терени во Европа, додаде Надал, кој има пет настапи во финалето на турнирот во Мајами, но ниту еднаш не го освои. Надал од почетокот на оваа година влече повреда на грбот поради која по поразот во четвртфиналето на Австралија опен веќе ги откажа настапите на турнирот во Ротердам и Дубаи. ег/

Остани поврзан