• понеделник, 20 април 2026

Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“

Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“

Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Агенцијата „Марили“ годинава, јубилејно, 30-ти пат, ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјата на манифестацијата што ќе се одржи задутре во Скопје.  

- На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност - информира „Марили“.

Сите лауреатки ќе добијат награда - статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков. 

На манифестацијата, менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување, ќе имаат можност да слушнат музичкa изведбa на младата виолончелистка Ада Богоевска и на младата пијанистка Ана Манчева. Камерното дуо е под менторство на проф. Даница Стојанова.  

Присутните ќе имат можност и да погледнат изведба на балетска точка на ученици од петто одделение од основниот балетски оддел при Државниот музичко балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, од класата на проф. Слаѓана Спасеновска. Настанот, традиционално, со нејзините исклучително лирични најави, ќе го води водителката Ели Танасковска.

- Манифестацијата со години претставува јакнење на женското менаџерство  претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот еднакви можности за сите. Освен манифестацијата, 30-годишен јубилеј одбележува и „Бизнис-каталогот на Р. Македонија“, кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел годинава е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат многубројни интервјуа со жените менаџерки што ќе бидат прогласени, интервјуа со министри, претставници од бизнис-коморите, уметници, глумци, музичари и др. - информира агенцијата „Марили“.

Во продолжение список со годинешните лауреатки:

1.      Даниела Адемоска - сопственичка и извршна директорка,

DoubleTree by Hilton, Скопје

2.      М-р Јаглика Јорданова-Андријеска  - управувачки партнер,

 „РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје

3.      Александра Шкемби-Антовска - генерална директорка,

„СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија

4.      Филомена Пљаковска-Аспровска - главна извршна директорка,

„Интернационален картичен систем АД Скопје“ - CASYS

5.      Наташа Паунова-Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка,

„Л&Н&Т дијагностик“ ДОО, Скопје

6.      М-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка, 

„Кондево МК ДООЕЛ“ Штип 

7.      Д-р Жанина Петрова-Граиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка, 

ПЗУ Центар за очи „Визија“, Скопје

8.      Мелита Гугуловска, генерална директорка,

 „Сава осигурување“ АД Скопје

9.      Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка

  ПЗУ „Д-р Горица“, Скопје

10.  Доц. д-р Тања Дејаноска - претседателка на Комората на приватното здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на 

Dental International - Prof. dr. Dejanoski, Скопје

11.  М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, рубинов директор во „Тианде“ и извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“, Скопје

12.  М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во 

„Инспирит коучинг“, Скопје

13.  Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на 

Стопанската комора на Северна Македонија

14.  М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во 

„АСП консалтинг“, Охрид, и финансов менаџер во АСП ПАК Охрид

15.  Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка,

„Светот на Колорес“, Скопје

16.  Ленче Карпузовска, менаџерка во одделот за комуникации,

„ЕВН Македонија“

17.  М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка,  

„Диоптра оптикс“, Скопје

18.  Биљана Мишиќ, извршна директорка,  

    ИУТЕ Македонија

19.  Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка

„Агро калем“, Тимјаник, Неготино

20.  Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка

„ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје

21.  М-р Марија Патриклиска, менаџер во одделот за човечки ресурси, 

ЕАМ ДОО, Штип

22.  Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка,

„Авто контрол - сервис“ Прилеп

23.  Анета Антова-Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-унет“, Скопје

24.  Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ аптека „Сара фарм“, Скопје

25.  М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „Еурофарм“ , Битола

26.  Д-р Василка Салевска-Трајкова, менаџер за корпоративни прашања,

„Филип морис - Тутунски комбинат Прилеп“, ДОО Скопје

27.  Викторија Шотароска-Трајкова, генерална директорка на 

П.И.К. ко Македонија

28.  Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка 

„Хауз мајстор фасилити“, Скопје

29.  М-р Златица Цивкароски  - член на управен одбор,  

Шпаркасе банка АД Скопје

30.  М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка, 

„Професионал акаунт“, Скопје

лв/вј/

Фото: „Марили“

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан