• сабота, 22 февруари 2025

Набавена нова опрема во кумановскиот дом за стари лица

Набавена нова опрема во кумановскиот дом за стари лица

Куманово, 16 јануари 2025 (МИА) - Набавена е нова опрема за потребите на јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто, соопштија денеска надлежните. Реконструирани се повеќе простории, набавени се нови медицински кревети, друг мебел и кревети за потребите на корисниците. Воедно, надграден е и соларниот систем, со што корисниците добиваат два тони топла вода на располагање. Набавени се телевизори и клима уреди.

-2024 година беше едно исклучително успешна година за нас, напорна, но успешна година затоа што решивме едно горливо прашање. Успеавме да го намалиме огромниот дефицит на кадар којшто го имавме вработивме вкупно 11 лица што ќе придонесат за подобра услуга во домот, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Вработени се негувателки, сервирки, медицинска сестра, хаусмајстор, психолог и како што појаснуваат од установата на овој начин се создаваат услови за подобра услуга и грижа наменета за старите и изнемоштените лица.

-Очекуваме да ни пристигне мебел за 17 соби, цел реон, најави Стојановски.

Во моментов, целосно е исполнет капацитетот и има 170 корисници.

- Се надевам дека ќе успееме на некој начин да ја амортизираме таа бројка меѓутоа ете мора да се размислува за зголемување на капацитети ама пред сè да кажеме во другите градови, изјави Стојановски. На листата на чекање постојано има од 20 до 30 потенцијални корисници. ам/сст/


Фото: МИА и Дом за стари лица

Остани поврзан