Мјанмарската хунта нападна болница при што загинаа најмалку 30 луѓе
- Најмалку 30 луѓе загинаа, меѓу кои и пациенти откако хунтата во Мјанмар синоќа изврши воздушен напад врз болница во западната држава Ракхајн, соопштија бунтовничките групи и очевидци
Најпидо, 11 декември 2025 (МИА) – Најмалку 30 луѓе загинаа, меѓу кои и пациенти откако хунтата во Мјанмар синоќа изврши воздушен напад врз болница во западната држава Ракхајн, соопштија бунтовничките групи и очевидци.
Во нападот повредени се 70 лица.
- Болницата во административниот реон Мраук У во Такхајн синоќа е погодена од бомби фрлени од воен авион. Болницата е целосно уништена, изјави портпаролот на бунтовничката група Армијата на Аракан, Кајн Ту Ка.
Портпаролот на хунтата се уште не го коментирал инцидентот. ми/мс/
фото: МИА архива