• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски: Не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува, кога имаме ЈО кое одбива да постапува во случај на нарушување на јавното здравје од лекар

Муцунски: Не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува, кога имаме ЈО кое одбива да постапува во случај на нарушување на јавното здравје од лекар
Скопје, 27 март 2020 Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, а во врска со евроинтеграциите и владеењето правото во вечерашната емисија „Еуро Фокус“ на Телма телевизија, истакна дека ние не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува кога имаме Јавно обвинителство што гледа ноторно нарушување на јавното здравје од лекар и одбива да постапува, како и тоа дека процесот за влез во ЕУ треба да биде деполитизан. -Не може да има напредок земја кадешто имаме Јавно обвинителство што гледа ноторно нарушување на јавното здравје од лекар и одбива да постапува, веројатно заради некои субјективни причини, вели Муцунски. Тој истакна исто така дека не можеме да одиме напред напред кога неколку месеци пред одржување на парламентарни избори се вршат партиски вработувања во јавниот сектор во ек на вонредна состојба. -Не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува, а одбива да ги почитува препораките на Венецијанската комисија по многу значајни закони, каде во рамки на парламентаризмот не се почитува Деловникот за работа, не се почитува Уставот, не се почитува законот за влада, што значи дека ќе треба да почнеме да тргаме дневната политизација на страна и да речеме доста беше од злоупотребите на системот, жалам што тоа не го видов во последните три години, рече Муцунски. Муцунски предложи главниот преговарач за евроинтеграциите да биде аполитичен, експерт затоа што како што вели ако сакаме да го деполитизаме процесот за влез во ЕУ треба да почнеме од врвот на процесот, ако не завземаме погрешна траекторија која ќе го наруши подоцнежниот процес. Тој посочи дека имаме сериозни недостатоци во рамки на оној првиот кластер којшто ќе треба да отвори, како владеење на правото, реформата на јавната администрација, тука имаме фактички уназадувања, и тука ќе бидеме гледани низ објективна призма од страна на европските институции. -Затоа оној што треба да ја има нашата клучна улога во процесот за влез во ЕУ треба да биде некој за којшто ќе се согласиме дека е надполитичка личност. Ако немаме согласност за ова од старт правиме грешка и ќе бидеме повторно разочарани за политизација на процесот за евроинтеграции, вели Муцински во дискусија со вицепремиерот Бујар Османи. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан