• понеделник, 12 јануари 2026

Муцунски на средба со раководството на „Македонија 2025“

Муцунски на средба со раководството на „Македонија 2025“

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе оствари средба со раководството на „Македонија 2025“.

Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори, најави Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

„Македонија 2025“ е меѓународна невладина организација, чија главна мисија е креирање и унапредување динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување економски развој и одржливост.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан