• недела, 22 декември 2024

Муцунски: Нашето опозициско дејствување нема да биде само реактивно

Муцунски: Нашето опозициско дејствување нема да биде само реактивно
Скопје, 14 септември 2020  Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Топ тема“ зборуваше за протестите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира како резултат на незадоволството од оваа власт. -Процесот е еден демократски модел кој што го користеле опозициски партии во Македонија низ политичката историја, го користат и ширум светот. Тоа е еден различен модалитет на изразување на незадоволството за состојбите во општеството од што е дејствувањето во Собранието и јас велам дека едното со другото можат да бидат комплементарни. Сметам дека бојкотот е најлошото решение кое може да го има во Парламентарна демократија бидејќи вие доколку сакате да ги подобрите и смените состојбите и да нудите демократски отпор тоа треба да го направите во рамките на системот, истакна Муцунски. Тој во своето гостување укажа дека со овие протести ќе се создаде дополнителна свест кај власта дека некои работи не одат во соодветна насока, но во таа смисла тука ќе бидеме и во Собранието. -Нашето опозициско дејствување нема да биде само реактивно односно да чекаме предлог закони кои ќе доаѓаат од владата па потоа ние да нудиме. Ние ќе нудиме и предлог законски решенија и тоа ќе биде интересно за нашите граѓани да следат како многу законски решенија кои ќе бидат понудени пред парламентот и ќе ги подобруваат состојбите“, додаде Муцунски. Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Топ тема“ рече дека многу се доцнело со процесот на создавање на работните тела и поради тоа не може да се зборува за европски права и искуства, но треба да сме свесни дека нашата држава се соочува со пандемија и видовме дека Владата не е подготвена за предизвиците во образованието. Според Муцунски има многу сериозни финансиски и економски импликации кои ја чекаат земјата и во таа смисла срамно беше што се чекавме месец дена за да може да профункционира Собранието. -Во мојот прв пратенички мандат јас сум разочаран за степенот на кој што се одвива политичкиот дискурс во Собранието и мислам дека тоа придонесува на намалување на довербата на нашите граѓани и во политичкиот систем и во сите политички партии бидејќи за жал наместо ние да дискутираме за креирање на политики, ние некако во Собранието како да се занимаваме со дневна политика, истакна Муцунски. Тој во своето гостување порача дека на сите седници до сега како да преовладуваше тој тоналитет и тој однос многу негативен, а не суштинска дебата и дискусија за што треба да се направи за побрзо да се решат проблемите кои што ги имаат граѓаните пред се земајќи во предвид се што се случува поврзано со негативните импликации кои што до сега ги има од пандемијата но и тоа што веројатно ќе се очекува во следниот период. -Така да конечно дојде време но со задоцнување каде се формираа работните тела и ајде да биде ова пратенички состав кој што навистина ќе се занимава со решавање на огромниот број на акумулирани проблеми кој што преовладуваат во секоја сфера на нашето општество, додаде Муцунски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан