Муртезани на состанок на министрите за европски прашања во Копенхаген
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на неформалната средба на министрите за европски прашања на членките на Европската унија и кандидатите за членство, што се одржува во Копенхаген, во рамки на Данското претседавање со Советот на ЕУ.
Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на неформалната средба на министрите за европски прашања на членките на Европската унија и кандидатите за членство, што се одржува во Копенхаген, во рамки на Данското претседавање со Советот на ЕУ.
- На состанокот, министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхашките критериуми како основа на процесот на проширување и за концептот на Постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и зајакнување на кредибилитетот на процесот на пристапување, информира прес-службата на Министерството за европски прашања.
Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку Копенхаген до Копенхаген“, при што ќе се направи осврт на процесот на проширување за време на претходните претседавања на Данска со блокот во 1993 и 2002 година, како и за договорените Копенхашки критериуми за членство од 2004 година. лв/са/
фото: МИА архива