Муртезани и Кацарска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МЕП и ЕПИ
- Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска денеска во Министерството за европски прашања (МЕП) на Република Северна Македонија потпишале Меморандум за соработка, со што ја официјализираа заедничката заложба на МЕП и ЕПИ за успешно реализирање на проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“ (WB Reform and Growth Monitor).

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска денеска во Министерството за европски прашања (МЕП) на Република Северна Македонија потпишале Меморандум за соработка, со што ја официјализираа заедничката заложба на МЕП и ЕПИ за успешно реализирање на проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“ (WB Reform and Growth Monitor).
Проектот, финансиран од Европската Унија, соопштија од Министерството за европски прашања, има за цел да овозможи граѓанските организации од регионот активно да придонесат во дизајнирањето и веродостојното спроведување на реформите поврзани со четирите столба на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.
Преку оваа соработка, МЕП и ЕПИ ќе работат заедно на следење и анализирање на спроведувањето на Реформската агенда 2024-2027, како би се обезбедило засилено учество во реформските процеси, поттикнување на транспарентноста и зголемување на влијанието на граѓанските организации во креирањето на политики.
- Ова партнерство претставува значаен чекор кон градење на инклузивен и ефикасен механизам за следење на реформите, кои се од суштинско значење за економскиот и општествениот развој на Северна Македонија и регионот, се влеи во соопштението. цр/са/
Фото: Минситерство за европски прашања