• недела, 22 декември 2024

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

- Осомничениот 66-годишен пензионер, во својот дом во Козле, неовластено држел муниција и експлозивна материја кои на граѓаните им се забранети – една рачна бомба полнета со 100 гр. ТНТ експлозив и запалка, 181 куршуми боева муниција со различен калибар наменети за автоматски пушки и тешки митралези, шест тегли со сачми со различна големина на оловни проектили со вкупна маса од околу 2.800 грама, четири најлонски ќеси со барут и два алати за изработка на ловна муниција, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот. цр/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан