• понеделник, 23 декември 2024

Музичко-креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“

Музичко-креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“
Скопје, 5 март 2022 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје организираат музичко-креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“. Преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење ќе се одбележи овој празник. Како што е најавено, главниот настан ќе се одржи денеска на пладне во Кинотека, каде децата низ танц и музика ќе упатат честитки кон сите жени, а особено кон своите мајки. Манифестацијата ќе продолжи в понеделник, во 13:00 часот, во соработка со Основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје, каде ќе има креативно пишување на тема „Со љубов за сите жени“ и литературно-поетско читање на поезија наменета за жената. Затворањето на манифестацијата ќе биде на осми март со традиционалната изложба на цртежи од деца од предучилишните установи во Град Скопје и околината кои учествуваа на конкурсот објавен на тема „Цртам за мојата мајка“. Децата од градинките изработија честитки и цртежи на темата „Жена – мајка“. Изложбата со детските творби ќе биде поставена во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“. Таа ќе биде презентирана и онлајн на осми март 2022 година во 10.30 часот на ФБ страната и YouTube каналот на Центарот. мд/са/

Остани поврзан