• среда, 20 ноември 2024

Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти

Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Музичарите денеска излегоа пред Владата и побараа по 15 месеци да може да почнат со работа сите музичари и укинување на забраната за настапи во угостителски објекти. Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“ изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат. -Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината, смета Младеновски. Од Здружението прашуваат кои се лиценцираните музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави. - И тоа најмногу не збунува бидејќи лиценцирани музичари во оваа држава не постојат. Ниту има Комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на ова нејаснотија, изјави Младеновски. Додаде дека уште минатото лето имаат доставено протоколи до Владата и до сите релевантни фактори за настапи во локали. Младеновски додаде дека преку Здружението праќале соопштенија, давале изјави, имале средби, разговори, преговори и додаде оти имаат доставено барања и протоколи за сигирност при работа на музичарите. Според него, досега мал дел опд нивните барања се ислушани и уважени и очекуваат во најскоро време да им биде дозволено да работат.мд/са/

Остани поврзан