• понеделник, 23 декември 2024

МТСП: Објавен јавен повик за локалните самоуправи за обезбедување средства за давање социјални услуги

МТСП: Објавен јавен повик за локалните самоуправи за обезбедување средства за давање социјални услуги
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика ги повикува општините, Градот Скопје и скопските општини да аплицираат на јавниот повик за обезбедување средства за давање социјални услуги. Јавниот повик е објавен денеска и трае до крајот на годината. Како што појаснуваат од МТСП, давањето социјални услуги на локално ниво од страна на општините е веќе воспоставено, и локалните самоуправи можат да аплицираат за средтва за да продолжат да ги даваат таквите услуги за граѓаните. - Услугите се реализираат во соработка со лиценциран давател на услугата, со финансиска поддршка од министерството, а се однесува за ранливи групи на граѓани, за кои е утврдена потребата од одреден вид на услуга. Со јавниот повик се обезбедуваат средства за општините со цел давање на социјалните услуги -  во домот (лична асистенција и помош и нега во домот), и во заедницата (дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост), информираат од МТСП. Од Министерството велат дека ќе обезбедат средства за давање на социјални услуги од страна на општините во соработка со лиценциран давател на услугата, по цената на  услугата утврдена со „Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, советување и за одмена на ceмejнa грижа за 2022 година“. сст/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан