• недела, 22 декември 2024

„МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект, избран од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна  Европа“

„МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект, избран од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна  Европа“

Скопје, 10 јули 2024 (МИА)- „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект од вкупно 46 пријавени проекти, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN), соопшти Музејот на современа уметност - Скопје.

-Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа од суштинско значење е музејот да започне со трансформација во насока за подобра пристапност и инклузија, се вели во соопштението..

Раководител на проектот, како што се посочува во соопштението, е кустосот во Одделот за едукација и музејско водење Бојана Јанева и според неа најзначајно во реализацијата на овој проект е што МСУ - Скопје ќе добие  стручна „Студија за пристапност“ од врвни советници во оваа област од земјава и регионот, обука на музејскиот кадар за начини на комуникација со различни ранливи групи, како и изработката реплики на дела за лица со оштетен вид.

„Музејски куфер“ со тактилните реплики на ремек-дела од колекцијата на МСУ - Скопје ќе биде достапен и за лица кои имаат потешкотии да дојдат во музејот.

-Во обид да добиеме повеќе искуствено знаење за иновативни пристапи и технологии во областа на пристапноста на музејот, минатата година, нашиот музеј започна месечна музејска обиколка наречена „Тури на инклузивност“. Турите ги реализиравме заедно со различни граѓански организации со попречености, за да добиеме повратни информации за проблемите со пристапноста. Оваа повратна информација многу ни помогна да ги идентификуваме клучните точки како да ја подобриме работата на МСУ, што беше иницијална точка за развивање на проектот „МСУ ремек-дела за сите“, вели Јанева, се наведува во соопштението.

Во рамките на овој повик, други избрани проекти се и „Проект Beezantium" – Амбели; „The Spyronians Podcast Show” – Карусос Архиви „Прозорец кон минатото: Индустриското наследство на Зајечар” – SKVER магазин и „Поттикнување на музејски ангажман со млади“ –Асоцијација Културанова. аан/ац/

Фото:  Денис Сарагиновски

Остани поврзан