МО: Руските противвоздушни сили во текот на ноќта собориле 130 украински дронови
- „Помеѓу 23 часот по московско време на 30 октомври и 8 часот утринава на 31 октомври, системите за предупредување за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 130 украински беспилотни летала со фиксни крила“, се наведува во извештајот на министерството, пренесен од руските медиуми.
Москва, 31 октомври 2025 (МИА) - Руските противвоздушни сили во текот на изминатата ноќ соборија 130 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Помеѓу 23 часот по московско време на 30 октомври и 8 часот утринава на 31 октомври, системите за предупредување за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 130 украински беспилотни летала со фиксни крила“, се наведува во извештајот на министерството, пренесен од руските медиуми.
Од сите лансирани летала кон руска територијха 31 дрон бил соборен во Курскиот регион, 21 во Воронежкиот, 14 во Белгородскиот, десет во Брјанскиот, девет во Орлов, Тамбов и Тула, шест во Липецк и Јарослав, пет во Ростов, четири во Волгоград, три во Калуга, два во Рјазан и еден над територијата на Московскиот регион.сд/
фото:МИА архива