• петок, 05 декември 2025

Мојсоска од Струга:  Борбата не може да е однапред прогласена за изгубена, а политиките за Струга да се решаваат на лидерски маси

Мојсоска од Струга:  Борбата не може да е однапред прогласена за изгубена, а политиките за Струга да се решаваат на лидерски маси

Струга, 4 октомври 2025 (МИА) - Левица денеска во Струга ги промовираше кандидатот за градоначалник, Јована Мојсоска и носителот на советничката листа, Климе Карамитрески.

Барајќи ја довербата од стружани на локалните избори да го заокружат бројот 6, Мојсоска изрази задоволство што е прва жена и прв левичарски кандидат за градоначалник на Струга.

- Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи, рече Мојсоска.

Посочи дека градоначалничката трка ја трча, со како што рече, надеж и апел дека борбата неможе да е однапред прогласена за изгубена. 

- Струга неможе секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека неможе политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен и да биде предмет за нечии коалициски апетити, истакна Мојсоска.

Очекува дека овие избори, според неа, да бидат најбрутални.

- Апел на овие избори ќе биде дека неможеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државно, за имам едно дете да го ставиме да ниша врата зема плата. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски промени, изјави Мојсоска.

Носителот на советничката листа Климе Карамитревски вети дека во советот ќе работат на воведување ред во Струга во однос на урбанизацијата, затворање на депониите... сс/ац/

Фото: Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан