• петок, 22 ноември 2024

Мојсовски: Од 1 септември ќе се интензивираат работите на затворениот базен во Охрид

Мојсовски: Од 1 септември ќе се интензивираат работите на затворениот базен во Охрид
Охрид, 19 август 2022 (МИА) - Работите за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, којшто се наоѓа во склоп на спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ треба да се интензивираат од 1 септември, а се очекува да биде готов до април следната година, информира денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Според него, базенот е готов скоро 70 отсто, потребно е да се досреди уште внатрешниот дел. - Ни дадоа гаранција дека до март или април базенот ќе биде готов. Базенот е скоро 70 отсто готов, треба да се донесе да се монтира коритото, горе веќе се направени просториите, трибините, а готова е веќе челичната и бетонската конструкција, остануваат само финесите и внатрешниот дел да се досредат, истакна Мојсовски, додавајќи дека последните осум месеци имале проблем со инвеститорот. Затворениот базен во Струга пак, се очекува да биде готов во периодот декември-јануари. Затворениот пливачки базен во Охрид чија изградба официјално почна во 2015 година ќе има два базена (12,5 на 6,5 метри со длабочина од 0,8 до 1,2 метри и 25 на 33 метри и длабочина од 2 метри). Ќе биде енергетски ефикасен и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима поевтино. Ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар.сс/фф/

Остани поврзан