• недела, 22 декември 2024

Мото ГП: Откажана трката во Аргентина

Мото ГП: Откажана трката во Аргентина
Буенос Аирес, 12 септември 2021 (МИА) – Трката за Големата награда на Аргентина од Mото ГП шампионатот е откажана поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите, изразувајќи жалење поради одлуката. - Пандемијата, логистичките огрничувања и штетата нанесена врз инфраструктурата наложуваат нејзино откажување, прецизираа организаторите на Големата награда на Аргентина. По ова откажување, календарот на Мото ГП остана со 18 трки. До крајот на сезоната преостануваат уште шест трки, вклучувајќи ја и Големата награда на Арагона, која е на програмата овој викенд. Сезоната во Мото ГП шампионатот завршува на 14 ноември со трката во Валенсија. ег/паг/

Остани поврзан