• среда, 03 јули 2024

Мотоциклист тешко повреден во кавадаречко 

Мотоциклист тешко повреден во кавадаречко 

Кавадарци, 18 февруари 2024 (МИА) - Мотоциклист бил тешко повреден денеска во сообраќајна незгода во кавадаречко, информираа попладнево од СВР Велес.  

- Денеска во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-место викано „Мушов гроб", на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи" со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот, соопштија од СВР Велес. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци. свд/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан