• сабота, 26 април 2025

Мотоциклист тешко повреден во велешкото село Клуковец

Мотоциклист тешко повреден во велешкото село Клуковец

Велес, 26 март 2025 (МИА) - Во СВР Велес, од болницата во Велес вчера околу 15:35 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 22-годишниот Е.С. од село Клуковец, велешко.

Како што информира попладнево од СВР Велес, Е.С. се здобил со повредите при пад од мотоцикл во село Клуковец. Полициски службеници излегле на лице место и се работи на расчистување на случајот. ад/дма/


Фото:МИА архива

 

Остани поврзан