Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
- С.Ф. (37) од Гевгелија вчера им подлегнал на повредите откако изгубил контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излетал од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопштија денеска од СВР Струмица.
Струмица, 15 септември 2025 (МИА) - С.Ф. (37) од Гевгелија вчера им подлегнал на повредите откако изгубил контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излетал од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал.
-Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, се наведува во соопштението.
Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија. рт/
Фото: МИА архива