• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МотоГП: Мартин викендов се враќа на патеката

МотоГП: Мартин викендов се враќа на патеката


Мадрид, 8 април 2025 (МИА) – Светскиот првак во МотоГП Хорхе Мартин викендов ќе се врати на патеката откако целосно закрепна од повредата.
Шпанскиот мотоциклист ги скрши десната рака и нога во несреќа на првиот ден од претсезонското тестирање во Малезија во февруари по што ги пропушти првите три трки од новата сезоната, а ја избра претстојната Голема награда на Катар за своја камбек трка, објави денеска неговиот тим Априлија.
„Имам голема желба да се вратам на патеката и среќен сум што барем ќе се обидам да се тркам во Катар“, рече Мартин во изјава за официјалната веб-страница на својот тим.
„Мојата цел ќе биде да стекнам одредена самодоверба и да извозам неколку кругови. Не знам каква ќе биде мојата физичка подготвеност, дефинитивно сè уште нема да биде 100 отсто“, изјави шпанската ѕвезда.
Бранителот на титулата веќе заостанува 87 бодови зад водечкиот сонародник Алекс Маркез, кој има еден бод предност својот постар брат и шесткратен светски шампион Марк Маркез (86).
Големата награда на Катар ќе биде четвртата станица од новата сезона во МотоГП и ќе почне со тренинзи в петок на патеката Лусаил. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан