МотоГП: Марк Маркез победи на спринтот во Херез
- Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка во Херез, која се одржа во рамки на Големата награда на Шпанија од шампионатот во Мото ГП.

Херез, 26 април 2025 (МИА) – Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка во Херез, која се одржа во рамки на Големата награда на Шпанија од шампионатот во Мото ГП.
Маркез победи со резултат 19:32.107 минути и тоа беше негова петта последователна спринт победа сезонава, со што се израмни со Хорхе Мартин од Априлија.
Алекс Маркез од Гресини го освои второто место со заостанување од 1,001 секунди, а Франческо Бањаја од Дукати беше трет со заостанување од 3,077 секунди.
Шесткратниот светски шампион сега е на првото место во генералниот пласман со 135 бода, 20 бодови повеќе од неговиот помлад брат Алекс Маркес, а Бањаја е трет со 104 бодови.
Трката за Големата награда на Шпанија се вози в недела со почеток во 14:00 часот на патеката „Ангел Нието“ во Херез. ег
ФОТО: Фејсбук