• недела, 22 декември 2024

Мота за Киеза: Тој не е дел од нашите планови

Мота за Киеза: Тој не е дел од нашите планови

Торино, 18 август 2024 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота проговори за ситуацијата со Федерико Киеза.

Претходно, главниот тренер на Јувентус во неколку наврати изјави дека не го гледа играчот од средниот ред како дел од својот проект. Засега фудбалерот не може да најде нов клуб.

- Нашиот став за Федерико Киеза не е променет. Тој не е вклучен во нашите планови. Разговаравме со него. Ова е демонстрација на почитта што ја имам кон сите. Јас комуницирам со моите играчи транспарентно и јасно, рече Мота.

Јувентус новата калчолигашка сезона ќе ја почне утре на домашен терен против Комо (почеток 20:45 часот). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан