• понеделник, 23 декември 2024

Москва: Пожарите кај Чернобил не ја зголемија радијацијата

Москва: Пожарите кај Чернобил не ја зголемија радијацијата
Москва, 24 април 2020 (МИА) - Руската федерална служба за следење на хидрометеоролошката и еколошката ситуација денеска соопшти дека шумските пожари во близина на некогашната нуклеарна електрана Чернобил не предизвикале зголемување на нивото на радијација во Русија. На активните локации за следење на радијацијата не се регистрирани никакви промени во нивото на радијација во Русија, стои во соопштението на службата. Во документот се додава дека ветерот од подрачјата зафатени со пожарите денеска и во наредните два дена ќе се движи кон исток, југ и југоисток. јт/

Остани поврзан