• петок, 15 ноември 2024

Моравјецки: Собрани 6,5 милијарди долари за Украина

Моравјецки: Собрани 6,5 милијарди долари за Украина
Варшава, 5 aприл 2022 (МИА) - На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Собирот се одржа на Националниот стадион во Варшава, а домаќини беа полскиот премиер Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Минатиот месец, Меѓународната донаторска конференција во Варшава ја заврши глобалната кампања „Стани за Украина“, во која се собраа 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарда евра за раселените лица. паг/  

Остани поврзан