• понеделник, 23 декември 2024

Моравјецки: Европа преку Северен поток 2 како да вложува во руско оружје

Моравјецки: Европа преку Северен поток 2 како да вложува во руско оружје
Варшава, 4 август 2020 (МИА) - Гасоводот Северен поток 2 е опасен за Европа и со неговата изградба таа како да вложува во руско оружје, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на расправата во Атлантскиот совет. - Не можам да кажам дека во Полска имаме остра антируска реторика. Меѓутоа постојат работи кои не ни се допаѓаат. На пример, Северен поток 2, истакна Моравјецки. Според него, доколку Русија ја исклучи Украина од транзитот на гас кон Западна Европа, тогаш ќе има големо влијани врз таа земја. - Затоа Северен поток и Северен поток 2 се многу опасни за нашиот регион и затоа поради нив ја критикуваме германија, нагласи полскиот премиер. Полска смета дека Северен поток 2, кој двојно би го зголемил рускиот извоз на гас преку Балтичко Море, претставува закана за енергетската безбедност на Европа и со него ќе се зајакне доминацијата на Газпром на пазарот. гт/

Остани поврзан