• недела, 22 декември 2024

МОН ќе презентира нова дигитална услуга - електронски уписи во средните училишта

МОН ќе презентира нова дигитална услуга - електронски уписи во средните училишта
Скопје, 6 април 2022 (МИА) - Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга - „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе ја претстави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на настанот ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј. хс/вг/    

Остани поврзан