• петок, 22 ноември 2024

Момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Кочани, 17 септември 2023 (МИА) – Дваесетгодишно момче од Облешево утрово почина како последица од тешките телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа на локалниот пат кон селото Бања.

Обидот да му биде укажана медицинска помош бил неуспешен, а лекарите во Општата болница во Кочани ја констатирале смртта.

-Утрово околу 5:48 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека 20-годишниот А.М. од Облешево, управувајќи патничко возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот на локалниот патен правец Облешево – Бања. Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде починал од здобиените повреди, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Во возилото немало сопатници, а екипа на Одделението за внатрешни работи од Кочани направила увид на местото на несреќата.та/вј/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан