• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Молња усмрти тројца планинари во Австрија

Молња усмрти тројца планинари во Австрија

Виена, 16 јуни 2025 (МИА) – Тројца планинари загинале вчера во австриски Тирол откако ги удрила молња додека се искачувале на врвот Митагшпице, со височина од 2.600 метри, јави денеска ДПА.

Жртвите се брачен пар на возраст од 60 години и братот на жената, стар 62 години, соопшти денеска локалната полиција.

Групата била принудена да се врати поради ненадејна промена на временските услови. Кога не се вратиле во долината, загрижените роднини ги алармирале спасувачките служби.

Екипа со хеликоптер ги пронашла телата во близина на обележана патека на надморска височина од околу 2.300 метри. Обдукцијата потврдила дека сите тројца починале од удар на молња. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан