Молино: Цела Панама ноќеска остана без струја поради дефект во приватна електрана
- Заедно со струјата, прекинато е и водоснабдувањето низ целата земја бидејќи пречистителните станици престанаа да работат поради прекинот на струја, соопшти националната канцеларија за водоснабдување и санитаризација.

Панама Сити, 16 март 2025 (МИА) - Цела Панама ноќеска беше во темнина како последица на дефект во приватна електрана, изјави претседателот на земјата, Хозе Раул Молино, цитиран од француските медиуми.
По несреќата, која се случи нешто пред полноќ, претседателот Мулино на својот Х профил напиша дека побарал објаснување за причините за тоа што се случило.
Заедно со струјата, прекинато е и водоснабдувањето низ целата земја бидејќи пречистителните станици престанаа да работат поради прекинот на струја, соопшти националната канцеларија за водоснабдување и санитаризација.
Претседателот подоцна објави дека по добиениот извештај за причината за инцидентот, било утврдено дека прекинот на електричната енергија се должи на дефект на приватен генератор за струја што го активирал системот за заштита на мрежата.
Мулино на својот X профил сподели видео на кое се гледа како избувнува пожар во електрана во провинцијата Панама Оесте (Западна Панама).
Услугата постепено се обновува, рече тој, додавајќи дека властите ќе постапат соодветно за да се справат со оштетениот електроенергетски систем.сд/
фото:МИА архива