МОЗ и Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка
- Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Со меморандумот, како што соопштија од кабинетот на Стоиљковиќ. се дефинираат активностите меѓу Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје и Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ), како и моделите на соработка, со цел пренесување знаења и искуства од вработените лица во Министерство за односи меѓу заедниците.
МОЗ и Филозофскиот факултет со потпишувањето на меморандумот ќе се стремат кон остварување на повеќе зацртани цели како: заемна размена на информации, знаења и искуства од области од заеднички интерес; обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на страните потписнички; утврдување и негување на добрите деловни обичаи, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти, се наведува во соопштението.са/
Фото: МОЗ