• понеделник, 23 декември 2024

Модуларните болници да не се фрлаат, ако може да се стават во функција на јавните здравствени институции, вели Таравари

Модуларните болници да не се фрлаат, ако може да се стават во функција на јавните здравствени институции, вели Таравари

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфективната клиника има интерес од затворот „Идризово“.

-Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбулант, туку и за други намени кои би биле од интерс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот. мч/aa/

фото/водео: МИА

 

 

Остани поврзан