• петок, 05 декември 2025

Моди: Во случај на нова закана од Пакистан, нашите ракети ќе ги уништат терористите

Моди: Во случај на нова закана од Пакистан, нашите ракети ќе ги уништат терористите

Њу Делхи, 2 август 2025 (МИА) – Секоја нова терористичка закана од Пакистан ќе биде одлучно спречена со употреба на крстосувачките ракети „Брамос“, кои заеднички ги произведуваат Индија и Русија, изјави денеска премиерот на Индија, Нарендра Моди, за време на говор во Варанаси.

Сега ракетите „Брамос“ ќе се произведуваат во Лакнау, во сојузната држава Утар Прадеш. Доколку Пакистан повторно нападне, ракетите од Утар Прадеш ќе ги уништат терористите, рече Моди, додавајќи дека „самото спомнување на ракетите ’Брамос‘ во Пакистан предизвикува несоница“.

Индискиот премиер истакна дека светот имал можност да се увери во ефикасноста на индиските одбранбени системи за време на операцијата „Синдур“, особено нагласувајќи ги домашните системи за противвоздушна одбрана, ракетите и беспилотните летала. јт/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан