„Мобилност Македонија“ ќе ги одбележи Денот за подигнување на јавната свест за лицата со параплегија во светот и Светскиот ден на лицата со мултипла склероза
- Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како кровна организација на лицата со мултипла склероза и параплегија во Македонија, денеска во Музејот
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како кровна организација на лицата со мултипла склероза и параплегија во Македонија, денеска во Музејот на македонската борба, ќе ги одбележи 14 мај - Ден за подигнување на јавната свест за лицата со параплегија во светот и 30 мај - Светскиот ден на лицата со мултипла склероза.
- Тоа се денови кога се преземаат активности со цел подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и параплегија и потребата од подобрување на нивните права за независен, самостоен и целосно интегриран живот во општеството, се наведува во соопштението од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија. цр/ев/