МНР на Катар: Не сме дел од кампањата насочена кон Иран
- Маџед ал-Ансари, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, нагласи во објава на социјалните мрежи дека земјата „не била дел од кампањата“ против Иран.
Доха, 3 март 2026 (МИА) - Маџед ал-Ансари, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, нагласи во објава на социјалните мрежи дека земјата „не била дел од кампањата“ против Иран.
„Го користиме нашето право на самоодбрана и ги одвраќаме иранските напади врз нашата земја. Ги повикуваме медиумите да користат веродостојни катарски извори кога известуваат за Катар“, рече тој. мс/
фото: Архива