• сабота, 23 ноември 2024

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобалниот раст на 5,5 проценти

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобалниот раст на 5,5 проценти
Вашингтон, 26 јануари 2021 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст  за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5 отсто, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски екононски изгледи 2021“. Таа наведе дека е сменета проекцијата на овогодинешниот раст во однос на октомври минатата година поради очекуваното зголемување на деловните активности во текот на годината, по вакцинацијата против Ковид-19, како и поради дополнителните пакети за поддршка на економијата и граѓаните во неколку големи економии. Во исто време ММФ ја намали проценката на минатогодишниот глобален пад за 0,9 проценти на 3,5 отсто. За 2022 година се предвидува растот на светската економија да изнесува 4,2 проценти. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан