• недела, 25 јануари 2026

ММФ и Украина постигнаа договор за исплата на заем од 1,1 милијарди долари

ММФ и Украина постигнаа договор за исплата на заем од 1,1 милијарди долари

Вашингтон, 19 ноември 2024 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека постигнал договор со Украина за преглед на програмата за заем што го отвора патот за дополнителни 1,1 милијарда долари.

Треба да се обезбеди Киев да ги добие парите пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.

Програмата на Меѓународниот монетарен фонд „продолжува да обезбедува силно сидро за економската програма на властите во време на исклучително висока неизвесност“, рече шефот на мисијата на ММФ во Украина, Гевин Греј во изјавата на крајот од еднонеделната посета на земјата. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан